Штип во функција стави два пункта за дезинфекција на возилата

Во Штип денеска се ставени во функција два од три пункта за дезинфекција на возилата кои влегуваат во општината. Едниот е кај влезот од Скопје кон Штип кај Републичката полиција, другиот на влезот од Струмица и Радовиш кон Штип кај училиштето „Искра“, информира градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.
Тој истакна дека дополнително од утре ќе се работи на пункт кај влезот од Кочани кон Штип, поточно кај индустриската зона „Македонка“.
-Општина Штип ги презема сите мерки и чекори коишто се во насока на поголема заштита на граѓаните, на сите возила коишто влегуваат и доаѓаат од околните градови. Морам да напоменам дека останатиот дел од градот, постојано се дезинфицира преку ТППЕ и ЈП „Исар“. Дезинфицирани се улиците, плоштадите, јавно прометните површини и влезовите од станбените згради, вели Бочварски.
Тој посочи дека полицијата ќе ги контролира сите пунктови каде што возилата кои влегуваат во градот мора да поминат и ќе се изрекува казна доколку одредено возило го заобиколува овој пункт за дезинфекција.
Општина Штип искажува благодарност на три градежни компании коишто излегоа во пресрет на Општината и брзо и ефикасно ги изградија овие пунктови, а тоа се Коле Транс Инженеринг, БАУ Инженеринг и Пелагонија инженеринг.
Ново на Сител
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
