Шпанската полиција ја заплени првата нарко-подморница во Европа
Шпанската полиција ја конфискуваше деветметарската нарко-подморница во јужна Шпанија, што се смета за прв ваков брод изграден во Европа, соопшти Европол.
Полупотопениот брод, кој никогаш не бил целосно потопен за време на работата, бил пронајдено во магацин во пристанишниот град Малага, се вели во соопштението на шпанската полиција.
Истражувачите откриле дека тој бил опремен за транспорт до два тона дрога. Таквите подморници ги користат шверцерите на дрога за да избегнат откривање од крајбрежната стража и другите власти.
Бродот во Малага е откриен како дел од големата операција во која учествувала полицијата од Колумбија, Холандија, Португалија, САД и Велика Британија со меѓународни активности координирани од европската полициска агенција Европол.
Уапсени се вкупно 52 лица, а полицијата изврши претрес во 47 домови во Барселона, Малага и осум други шпански градови.
Покрај подморницата, тие откриле и напредна лабораторија во реонот на Барселона, оспособена да произведува 750 килограми дрога месечно, глисер од 15 метри направен од фиберглас, 400 килограми кокаин, 700 килограми хашиш и над 100.000 евра во готовина.
Ново на Сител
-

Обвинителството бара преиспитување на ослободителната пресуда за таткото на Вања пред Апелација
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии
-

УХМР: Попладне пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Николоски: Интензивна динамика на автопатите што ги гради „Бехтел и Енка“, правиме се да се овозможи простор за што повеќе работа
-

Газда на маркет малтретирал деца откако ги фатил како крадат чоколадно млеко во Охрид
-

Одложено судското рочиште за „Онкологија“, следното на 1 јуни
-

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, уапсено 21 лицe за безобѕирно управување на возило
-

Герапетритис: Грција презеде иницијатива за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан да стане реалност
