-->
-->
Шпанец ја запре „црвената фурија“
-->

Таткото на Рикардо Родригез можеби е Шпанец, но тоа не му пречеше на швајцарскиот репрезентативец да обезбеди 1:1 реми на неговата репрезентација на пријателскиот меч во Вилјареал.
Алваро Одриозола донесе водство за „фуријата“ во 29. минута, кога по една мешаница пред шестнаесетникот на Швајцарија, имаше одличен удар од 18-тина метри. Меѓутоа, Рикардо Родригез, чиј татко е Шпанец, а мајка Чилеанка, во 62. минута постигна исто така убав гол за да обезбеди реми за Швајцарија, која ќе биде „тврд орев“ во групата со Костарика, Србија и Бразил.
Во другите пријателски мечеви, Костарика стигна до убедлива 3:0 победа над Северна Ирска, додека со ист резултат, Перу ја совлада Саудиска Арабија. Капитенот на Перу, Паоло Гереро постигна два гола во враќањето во националниот дрес, откако доби дозвола да се врати и покрај позитивниот тест на кокаин.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Реактор истражување: Кој се грижи за мајчинството, менталното здравје и невидливиот товар на очекувањата?
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
