Шолц: Европа во моментот не може без рускиот гас и нафта
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин.
– Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето на енергија на Европа за греење, мобилност, електрична енергија и индустрија во моментов не може да се гарантира на кој било друг начин, се наведува во пишаната изјава на Шолц.
Тој додаде дека Европа намерно ги исклучи енергенсите во првите санкции против Москва, бидејќи таквата мерка ќе го дестабилизираше пазарот и ќе имаше пресилно влијание на европската.
– Германија е меѓу оние земји од ЕУ кои се во голема мера зависни од увоз на гас, нафта и јаглен од Русија. Берлин работи на развивање алтернативи за руската енергија. Но, тоа не може да се постигне од денеска за утре, истакна Шолц.
Додека американскиот државен секретар Ентони Блинкен во вчерашното интервју за телевизијата Ен-Би-Си изјави дека САД и европските партнери размислуваат за забрана на увоз на руска нафта.
Во многу активни разговори сме со нашите европски партнери за забрана на увозот на руска нафта во нашите земји, секако во исто време и за одржување на стабилно глобално снабдување со нафта, посочи Блинкен.
САД и украинскиот претседател Володимир Зеленски сакаат Брисел да воведе санкции на увозот на руска нафта, со што се согласуваат земјите од Источна Европа, додека балтичките држави се чувствуваат изложени на руската закана. Додека Германија и Италија стравуваат од пораст на цените на енергенсите.
Ново на Сител
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
-

Утре локални врнежи и услови за невреме, до крајот на неделата посвежо
-

Две лица загинаа а три се тешко повредени во сообраќајка кај Агино Село
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
