Шмит: Нема индиции дека повторно ќе избие војна во БиХ
Високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ Кристијан Шмит изјави дека нема индиции дека повторно ќе избие војна во Босна и Херцеговина или Западен Балкан, без оглед на настаните во Украина.
– Ако има војна и насилство, тогаш не само што мора да се грижиме за луѓето, туку мора да испратиме и порака, рече Шмит.
Зборувајќи за работата на Претседателството на БиХ и барањето на српскиот член Милорад Додик БиХ да биде неутрална во однос на ситуацијата во Украина, иако БиХ, како што наведе, веќе зазеде јасен став во однос на руската интервенција во Украина, високиот претставник рече дека Додик „во моментов е малку изгубен“.
– Што да се каже за господинот Додик? Ми се чини дека тој е малку изгубен во моментов. Во ситуација кога децата ги прашуваат своите мајки што е војната во Киев или Харков, веќе не е можно да се биде неутрален. А Додик, таков е мојот впечаток, некако падна во стапицата на сопствените зборови. Во такви случаи би било добро, а тоа секако му е тешко, понекогаш неколку дена да не збори туку да размислува, изјави Шмит.
Тој ја коментираше и позицијата на Србија за Украина, нагласувајќи дека разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ и го „советувал и охрабрил“ да не биде неутрален при гласањето во Генералното собрание на ОН и да ја поддржи Резолуцијата со која се осудува рускатÐ ° агресија врз Украина.
– Гледам дека на Србија и беше многу тешко и имав можност да разговарам за тоа со претседателот Вучиќ. Јас секако го советував и охрабрував да не биде неутрален. Тој го направи тоа на крајот. Тоа е, се разбира, нешто многу важно, рече Шмит.
Според него, кога станува збор за војна, не може да се биде неутрален.
– Човек мора да биде против војната… Европската унија и НАТО, кога е важно, сепак се тука. Секоја војна мора да се спречи и тоа е задачата. Но, мора да биде и со оние кои се тогаш, морам да кажам, во многу тешка ситуација, потенцира Шмит.
Ново на Сител
-

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители
-

Умеров пред преговорите со САД: Безбедноста на Украина мора да биде сигурно и долгорочно гарантирана
-

Облачно со сончеви периоди, од вторник дожд
-

Путин 4,5 часа одговараше на политички, но и на лични прашања
-

Милановиќ: Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не се пука во Коалицијата на подготвените
-

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј
-

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори
-

Првообвинетиот за убиството на турскиот државјанин во Штип призна вина
