Шинејд О’Конор не се кае за кинењето на сликата со папата
Познатата ирска пејачка Шинејд О’Конор во својата нова автобиографија „Сеќавања“ истакнува дека не се кае за ништо во животот, па дури ни за кинењето на слика со папата Јован Павле Втори во емисија на Ен-Би-Си пред речиси 30 години. Таа вели дека тоа е дел од нејзината борба против злоупотребата на деца.
Според пејачката, тој нејзин потег бил инспириран од несреќниот семеен живот што таа го имала во младоста.
„Мојата намера отсекогаш беше да ја уништам фотографијата на мајка ми, од папата. Таа слика ги претставуваше лагите, лажговците и злоупотребите. Луѓето што ги чуваат овие работи беа ’ѓаволи‘ како мајка ми. Никогаш не знаев кога или каде или како ќе ја уништам (сликата), но ја уништив кога дојде вистинскиот миг. И имајќи го тоа на ум, внимателно ја носев секаде каде што одев“, пишува О’Конор.
Потегот од 1992 година, на пејачката ѝ донесе доживотна забрана во Ен-Би-Си.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Македонија е жртва на булинг во Европа
-

СДСМ предложи закон за помош на земјоделците
-

Преглед на вестите од светот
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
