Шилегов: СДСМ на изборите со чесна понуда на програма и кандидати

СДСМ на изборите излегува со чесна понуда на кандидати, наспроти криминалните кадри на ВМРО - ДПМНЕ, оцени денеска потпретседателот на СДСМ Петре Шилегов.
Според Шилегов, и на локално и на државно ниво главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ се корупцијата, расипништвото, деструкцијата и криминалното работење.
- Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ доследно го следеле примерот на нивниот шеф Никола Груевски и криминално работеа на штета на осиромашените граѓани. Доказ за тоа се и пресудите против градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој е осуден бидејќи работел на штета на општината и граѓаните, како и пресудата за Александар Панов кој бесрамно за време на кампања со црни пари купувал гласови. Доказ за тоа е и случајот „Транспортер“ во кој градоначалникот на Битола, Владимир Талески е првообвинет за криминал тежок над 360.000 евра, наши, граѓански пари, рече Шилегов.
Тој истакна дека наспроти таквиот однос кон државата и општините, СДСМ на претстојните избори ќе излезе со чесна понуда на програма и кандидати кои што се професионалци и признаени во своите професии, личности препознати од јавноста и подготвени да работат во интерес на граѓаните.
- Граѓаните ја препознаваат разликата помеѓу нечесното, деструктивно и коруптивно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и одговорното работење на Владата предводена од СДСМ. Затоа, на локалните избори, градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се соочат со политичка, а оние кои што работеле незаконски и со правна одговорност, рече Шилегов.
Потенцирајќи дека Македонија станува функционална држава наведе дека таквиот одговорен пристап и спроведувањето на зацртаните реформи ќе продолжат и на локално ниво во интерес на граѓаните, општините и на државата.
Ново на Сител
-

МВР: Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, деветмина возеле без положен возачки испит
-

Системот за интернет гласање во Москва погоден од кибернапад на вториот ден од парламентарните избори
-

Утре наместа нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Јамал: Го следам Реал, но секогаш сакам да губат
-

Полска ги крена борбените авиони поради руските напади врз Украина
-

Путин: Европските лидери ги користат Украинците како топовско месо
-

Македонскиот тим се враќа со сребрен и бронзен медал од 33. Балканска олимпијада по информатика во Тирана
-

Македонскиот кајакар Благој Гугинов победник на Европскиот куп во Австрија
