Шилегов ги повлече предлозите за промена на цената на водата во Скопје

Градоначалникот Петре Шилегов, на денешната петта седница на Советот на Град Скопје, од дневниот ред ги повлече предлог-одлуките со кои беше предвидена промена на цената на водата во Скопје.
- По извршената длабинска анализа за финансиската состојба и работењето на ЈП „Водовод и канализација“, имајќи предвид дека се политикантски мотивите на Регулаторната комисија, имајќи предвид дека Регулаторната комисија не ја заснова својата одлука на фактите и реалните потреби на граѓаните, предлагам точките 25, 26 и 27 да се симнат од дневниот ред. Додека сум јас градоначалник на Скопје, граѓаните на Скопје нема потреба да плаќаат поскапа вода поради политикантски одлуки на партизирани органи од минатото, рече градоначалникот Шилегов.
Посочи дека водата ќе остане со истата цена, а градот со домаќинско работење ќе ги сервисира сите потреби на јавното претпријатие.
Како што информира Градот, станува збор за три точки, поточно Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година; Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година; како и Предлог-Одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување тарифа за прочистување отпадни води на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје за регулиран период 2018-2020 година.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
