„Шел“ укинува десет илјади работни места

Британско-холандската нафтена компанија „Ројал Дач-Шел“ потврди денеска дека ќе укине десет илјади работни места, како последица на најголемиот пад на профитот во последните 13 години.
Во последниот квартал од 2015 година оваа најголема европска нафтена компанија оствари профит од 1,8 милијарди долари, што е значително помалку во споредба со претходната година кога профитот на „Шел“ изнесуваше 4,2 милијарди долари.
Според податоците на компанијата, вкупната заработувачка во минатата година изнесувала 3,8 милијарди долари, наспроти заработените 19 милијарди на крајот од 2014 година.
Минатиот месец акционерите на „Шел“ се согласија компанијата да биде преземена од помалата „БГ-Груп“.
„Шел“ веќе ги намали трошоците на работењето за четири милијарди долари или за десет отсто, а најави дека годинава трошоците ќе се намали за доплнителни три милијрди долари.
- Доколку сите овие мерки не помогнат за стабилозација на компанијата, „Шел“ ќе преземе и други дополнителни потези за намалување на трошоците, за да може да се справи со големиот пад на цената на суровата нафта, изјави извршниот директор Бен Ван Берден.
Во време кога беше дадена согласност за преземање од фирмата „БГ-Груп“, цената на нафтата изнесуваше 55 долари за барел, а сега таа е падна на околу 30 долари.
Оваа нафтена компанија веќе продаде имот и средства во вредност од 5,5 милијарди доалри, а планира и доплнителна продажба на имот и средства за уште 30 милијарди долари.
Ново на Сител
-

Македонија има повеќе болнички кревети на 100 илјади жители од 14 земји во ЕУ
-

Демократите во Сенатот го блокираа предлог-законот за одбраната поради војната со Иран
-

Над 340 украински дронови насочени кон Москва во изминатите 24 часа, интензивни руски напади врз Киев
-

Сиљановска - Давкова: Македонско-француското пријателство е втемелено на меѓусебна почит
-

Инклузивен натпревар во кошарка во колички кај „Авионче“ во Ново Лисиче
-

Седница за опозициски прашања во Собранието
-

Топло време со услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи
-

Од утре патнички возови Скопје – Битола и Битола – Скопје
