Шекеринска: Во ВМРО е полесно, даваш команда и магарето ако лета - тогаш лета
Радмила Шекеринска, доскорешниот заменик претседател на СДСМ, во емисијата „Утрински брифинг“ по завршениот Конгрес на владеачката ги изнесе првите коментари во кои тврди дека не постои неединство на „Бихаќка“, туку разни идеи и концепти.
„Тим е луѓе кои ги имаат истите вредности, понекогаш со разни идеи, но лојалноста не се мери колку пати ќе кимнете со главата, туку колку пати ќе говорите. Лојалноста ја градиме кон идејата, а не кон шефовите“, рече Шекеринска.
Министерката за одбрана демантира дека има „скопско крило“ и „бранковисти“ кои внесуваат несогласување во СДСМ.
„Од 2013 се уморив на оваа тема, зарем во Скопје немаме разлики, јас повеќе со скопските колеги дискутирам и имам повеќе разлики со нив.
Јас мислам дека тоа не е реално, и оваа тема 2013 и 2014 беше актуелна. Бев една од обвинетите дека сум против бојкотирањето на локалните избори. И тогаш ме повикаа да помагам на локалните избори на многу места, а потоа ми рекоа дека во ниту еден момент не сум ги оставила на цедило“, беа дел од коментарите на Шекеринска.
Таа вели дека односите во СДСМ изгледаат покомплицирано затоа што во опозициската ВМРО-ДПМНЕ тие се сведуваат на послушност кон раководството и лидерот.
„Во ВМРО е многу полесно, даваш команда и магарето ако лета - тогаш лета“, рече Шекеринска.
Таа до изминатиот викенд беше заменик на претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во неделата на оваа позиција избрана е директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Претходно самата Шекеринска најави дека се повлекува од сите функции во партијата.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
