Шефот на иранската полициска разузнавачка служба убиен во американско-израелските напади

Шефот на иранската полициска разузнавачка служба, Голамреза Резајан, е убиен за време на нападите на САД и Израел врз Исламската Република, јавија локалните медиуми.
„Генерал Голамреза Резајан, шеф на националното полициско разузнавање, е убиен по вчерашните непријателски напади“, објави новинската агенција Фарс (Fars), заедно со други медиуми.
Иранската телевизија претходно соопшти дека во нападите е убиен и началникот на Генералштабот на иранските вооружени сили, Абдолрахим Мусави.
Официјалната иранска новинска агенција ИРНА пренесе дека Али Шамкани, висок политички функционер на врховниот водач Али Хамнеи и секретар на иранскиот Совет за одбрана исто така е убиен во американско-израелските напади врз Техеран.
Главниот командант на Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ), Мохамед Пакпур, исто така е убиен.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Митрополитот Европски Пимен
-

Цената на нафтата од Северното море со драстичен скок, авиокомпаниите имаат гориво за уште 3 недели
-

Алергиите кај деца во подем - кивање, чешање на очи и на нос
-

Зголемена фреквенција но не и застој
-

Велики петок, најтешкиот ден во христијанството
-

Историски исчекор за МПЦ во Италија
-

Утре САД и Иран на преговори во Пакистан
-

Унгарија пред политички крстопат – сè е подготвено за изборите в недела
