Шарл Мишел: Турција отстапи од европските стандарди

Белгискиот премиер Шарл Мишел изјави дека од јули минатата година, по обидот за пуч против турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, Турција отстапила од европските стандарди за човековите права, слободата на изразувањето и владеењето на правото.
Мишел ги означи како неприфатливи изјавите на Ердоган во врска со Сребреница и нацизмот, како и неговите спорови со Германија и Холандија.
- Нема да дозволам да потпаднеме под притисокот на Турција и како Европејци ќе продолжиме да ги браниме нашите вредности, додаде белгискиот премиер.
Повод за коментарот на Мишел беа статии во турскиот печат, во кои белгискиот државен секретар Зухал Демир е обинета за „поддршка на тероризмот“.
Според турските медиуми, Демир ја подржувала Курдската работничка партија (ПКК), која ЕУ ја прогласи за терористичка организација.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

Марш на ангелите во Кочани
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
