Северна Македонија не воведува визи за Косово
– Република Северна Македонија не воведува визи за Косово, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи, наведувајќи дека станува збор за грешка на Европската комисија која ќе биде поправена.
-Тоа е грешка на Европската комисија, ставањето на Косово на листата на земји со коишто треба да има визен режим е пропуст којшто е увиден од страна на Европската комисија. Никогаш не е поминато низ телата на ЕК и тоа ќе биде ревидирано, рече Османи.
Османи посочи дека трендот не е воведување визи туку поинаков, да се минува границата со лични карти.
-Тоа е целосно контрадикторно со политиката на ЕК. Ние во рамки на Берлинскиот процес само што потпишавме договор шесте земји – членки за движење со лични карти во регионот, така што трендот е спротивен од воведување на визи. Ние сега не само со Косово, со БиХ, со Црна Гора, со Србија нема потреба ни пасош да вадиме, а целта е на крај целосно овој регион да влезе во рамки на слободното движење на граѓани, изјави Османи.
Министерот за надворешни работи одговарајќи на новинарско прашање ги отфрли тврдењата за одземање на визната либерализација на Северна Македонија. Османи кажа дека ќе се работи на дополнителни ослободување во односите со ЕУ.
Ново на Сител
-

Заврши втората сесија од Стратешкиот дијалог со САД
-

Опозициски прашања во Парламентот - во фокусот мерките за справување со кризата
-

Ацо Ристов изгласан за претседател на Регулаторна
-

Истражување на ИППСИ: Македонија се соочува со сериозен пад на писменоста - учениците читаат, но не разбираат
-

ДЗР: Населението во Македонија енормно старее, има повеќе пензионери од работници
-

Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
-

Аудио снимки од повици за помош на починатата Ивана и од сведоци на тепањето, пуштени денеска во судница
-

Со снимки од пријавите за семејно насилство продолжува судењето против Стојанче Јовановски
