Северна Кореја соопшти дека извршила уште еден „тактички нуклеарен напад“
Северна Кореја вчера изврши нова симулација на „тактички нуклеарен напад“ во вежба која вклучува две крстаречки ракети со долг дострел кои носат симулирани нуклеарни боеви глави, објави денеска севернокорејската централна новинска агенција (KCTA), цитирана од Ројтерс, пренесе БТА.
Според државните медиуми, акциите на Пјонгјанг биле одговор на заедничките воени маневри на САД и Јужна Кореја.
Јужнокорејската војска вчера објави дека Северна Кореја истрелала неколку крстосувачки ракети во правец на Жолтото Море, а во петокот KCTA објави уште една симулација на „тактички нуклеарен напад“, пренесе БТА.
-Тактичкиот нуклеарен напад беше изведен за да ги предупреди непријателите за вистинската закана од нуклеарна војна, соопштила агенцијата, поради, како што наведува „напорите на Пјонгјанг да ги одврати Вашингтон и Сеул“.
Заедничките летни воени маневри на Јужна Кореја и САД, насловени како „Штитот на слободата“, завршија во четвртокот по 11-дневните вежби на бомбардери Б-1Б.
Ново на Сител
-

Кривична за полицаец кој малтретирал приведено лице во градски парк
-

Курти гаѓан со јајца – хаос во Собранието на Косово
-

Внимавајте: МВР и ROADPOL со засилени контроли на патиштата викендов | ВИДЕО
-

СВР Битола лиши од слобода две лица за подметнување пожари на отворен простор
-

Ангелов: Активни се два пожара на отворен простор, состојбата со водата во Гостивар се подобрува
-

Левица: 25 години Карпалак - 25 години без правда за бранителите
-

Мисајловски за 25-годишнината од загинувањето на бранителите кај Карпалак: Нивната верба во татковината е наша водилка да продолжиме да ги чуваме националните интереси
-

Земјава повторно на грчката листата на држави со привилегиран даночен режим
