-->
-->
Серијата „Господарот на прстените“ ќе се снима во Велика Британија
-->

Продукциската компанија „Амазон“ ја преместува високобуџетната продукција на новата ТВ-серија „Господарот на прстените“ од Нов Зеланд во Велика Британија.
Според компанијата, овој потег е дел од планот за проширување на својот простор и консолидација на филмската индустрија во Обединетото Кралство. „Амазон студио“ потроши 465 милиони долари за првата сезона на шоуто. Се очекува да се снимаат уште четири сезони, со што серијата ќе стане една од најскапите во историјата на телевизијата.
Фантастичната приказна на епот е сместена илјадници години пред настаните на ЏРР Толкин во „Хобит“ и „Господарот на прстените“.
Зелената природа и пространите предели на Нов Зеланд беа дом и на филовите „Господарот на прстените“ и „Хобит“ на режисерот Питер Џексон. Од „Амазон“ велат дека работата на првата сезона ќе биде завршена на Нов Зеланд пред продукцијата да се премести во Велика Британија. Прикажувањето на првата епизода е закажано за 2 септември следната 2022 година
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
-

Нов пожар во Штип
-

Мицкоски по средбата во Софија: Бугарија нема нови барања, тоа се истите од 2022 година
-

Мицкоски најави избори
-

ДЗР утврди сериозни слабости во остварување и исплата на правата од социјална заштита во Македонија
-

Савески не гледа ништо спорно што му се јавил премиерот
