-->
-->
Серија А: Интер сигурен на гостувањето кај Удинезе
-->

Лидерот на табелата во Серија А екипата на Интер синоќа постигна убедлива победа на гостувањето кај Удинезе. Интер славеше триумф со 4:0, а стрелци на головите беа: Мауро Икарди (23 и 84.минута), Стеван Јоветиќ (31) и Марсело Брозовиќ (87).
На другите дуели од 16.коло одиграни вчера: Палермо – Фросиноне 4:1 (Александар Трајковски го постигна третиот гол за Палермо), Џенова – Болоња 0:0, додека дуелот Сасуоло – Торино е одложен.
Денеска од 15 часот се играат натпреварите: Милан – Верона, Киево – Аталанта, Емполи – Карпи, а од 18 часот почнува дуелот Наполи – Рома. Вечерва од 20:45 часот играат Јувентус и Фиорентина, а утре во истиот термин е последниот натпревар од колото Лацио – Сампдорија.
Табела: Интер 36 бодови, Фиорентина 32, Наполи 31, Рома 28, Јувентус 27, Сасуоло 26, Аталанта 24, Милан 24,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Утре во Скопје посебен режим на сообраќај поради атлетска трка
-

Побаран притвор за осомничениот 53-годишник од тетовска Брвеница
-

Хуманитарен Велигденски саем – Македонски Каритас
-

По сомнеж од мајката, при преглед на ГАК откриена бременост кај 14-годишно девојче
-

Приведен 30-годишен велешанец, украл телевизор од домот на сограѓанин
-

26-годишник од с.Волково повреден со остар предмет при расправа за паркинг
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
