Џет-Сет
14. September 2017 - 13:06

Серена Вилијамс ја објави првата фотографија на ќерка и

Тениската ѕвезда Серена Вилијамс на Инстаграм ја објави првата фотографија на нејзината ќерка, само 12 дена по раѓањето на девојчето на Флорида.

- Запознајте ја Алексис Олимпија Оханијан Џуниор, се вели во коментарот под сликата.

Тенисерката, освојувачка на 23 гренд слем титули, е во врска со Алексис Оханијан од 2015 година. Таа најави дека ќе се врати на тениските терени во 2018.