-->
-->
Серена прва меѓу спортистките по заработка
-->

Американската тенисерка Серена Вилијамс е најплатената спортистка во светот, пишува мгазинот Forbes. Серена, која во саботата загуби во финалето на Ролан Гарос, во изминатите 12 месеци заработила 28,9 милиони евра.
Серена Вилијамс на листата на најплатени спортистки ја мина Марија Шарапова која цели 11 години беше прва на оваа листа.
Американката во кариерата само од турнирски награди заработила 77,6 милиони евра.
Шарапова го загуби првото место откако поради допинг скандалот, спонзорските договори со неа ги раскинаа најголемите спонзори Nike, American Express, Porsche, TAG Heuer. Сепак, и покрај тоа што ја напуштија најголемите спонзори Русинката во изминатите 12 месеци заработила 21,9 милиони долари.
На третото место на листата на Forbes се наоѓа поранешната шампионката во UFC Ронда Руси со заработка од 14 милиони долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
-

Ангелов: Претпоставувам пожарите кај Штип се подметнати, МВР истражува
-

Кремљ: Во последниот разговор со Трамп, Путин не разговарал за средба со Зеленски
-

Граѓаните одлучуваат дали ќе даруваат орган или не, има можност и да се промени одлуката во секое време - усвоени измени во Законот
-

Трамп: Израел мора да биде „поодговорен“ во однос на војната во Либан
-

Сиљановска-Давкова: Западен Балкан е понапред од Украина и Молдавија, позитивен е обидот за ограничување на вето во ЕУ
-

ЦУК: До 18 часот евидентирани 14 пожари на отворено од кои активни се пет
-

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка и меѓу нив тројца малолетници
