-->
-->
Сепак во Челзи има конфликт?!
-->

Довчерашниот менаџер на Челзи, Жозе Мурињо, добил отказ откако влегол во конфликт со играчите, тврди техничкиот директор на ’сините’, Мајкл Еменало. Актуелниот англиски шампион, во четвртокот, објави дека клубот и Мурињо спогодбено го раскинале договорот.
Еменало, кој од 2010 година е во клубот, во интервју за клупската телевизија соопштил некои интересни информации.
„Се што се случи во четвртокот јасно кажува дека одлуката не е донесена со предумисла. Одлуката е донесена за да се заштитат клупските интереси“, рекол Еменало одговарајќи на прашањето зошто токму во четврток е донесена одлуката за смена на Муруњо.
Техничкиот директор на Челзи признал дека уште од почетокот на сезоната било забележливо дека постои раздор помеѓу менаџерот и фудбалерите.
„Резултатите не се добри, јасно е дека постои раздор помеѓу менаџерот и играчите, поради тоа моравме да реагираме. Сите кои го сакаат клубот, кои чувствуваат приврзаност, мора да разберат дека клубот беше во лоша ситуација е дека моравме да реагираме“.
Во интервјуто Еменало им дал целосна поддршка на играчите, потенцирајќи дека тие немаат никава врска со отказот кој го доби Мурињо.
„Ова е истата онаа група на фудбалери кои минатата сезона ја освоија Премиерлигата и Лига купот. Сите знаеме дека играчите имаат одговорност да излезат на теренот и да им покажат на скептиците дека грешат, односно тие мора да покажат одредено ниво на посветеност кон донесената одлука и мора да му помогнат на клубот да напредува. Тоа тие мора да го направат, тоа од нив се очекува и се верува дека тие цело ова време се обидуваа тоа да го прават“, истакнал Еменало.
Актуелниот шампион на Англија, Челзи во 16 натпревари во Премиерлигата има доживеано девет порази, поради што се наоѓа на 16-то место на табелата со 15 бодови, 20 помалку од лидерот Лестер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Песков: Преговорите со Украина во моментот се на пауза
-

Хуманитарна помош од два милиона евра од ЕУ за Непал
-

Нов рекорд за меѓународниот аеродром во Тирана, над 60.000 патници за еден ден
-

Неготинец пријавил измама од 280.000 денари
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
