СЕП на полноќ го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9

Секретаријатот за европски прашања (СЕП) на полноќ на својата веб страница го објави Деталниот фактографски извештај за имплементација на Планот 3-6-9.
- Денеска, 17 април заедно со објавувањето на Извештајот на Европската Комисија за состојбите и напредокот на земјава на евроинтегративниот пат истече периодот за имплементација на Планот 3-6-9. Деталниот фактографски извештај за имплементацијата на Планот 3-6-9, точно на полноќ беше објавен на веб страна на Секретаријатот за европски прашања www.sep.gov.mk и истиот можете директно да се преземе на следниот линк https://goo.gl/BqGvVt, информираат од СЕП.
Оттаму оценуваат дека во изминатите девет месеци, Македонија успеала да испорача исклучително продуктивна реформска агенда, а како доказ го посочуваат успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, односно реализацијата на над 90 проценти од предвидените реформи и 100 проценти од неговата суштина.
- Делот девет т.е севкупно Планот 3-6-9 завршува денеска, односно со излегувањето на Извештајот на Европската Комисија. Согласно испорачаните резултати т.е. успешното спроведување и реализација на Планот 3-6-9, истиот треба да биде крунисанa со најдобриот извештај за Република Македонија досега и со чиста и безусловна препорака за преговори со Унијата, нагласуваат од СЕП.
Се посочува дека со Планот 3-6-9 не завршуваат реформите, туку реформската агенда ќе продолжи и во иднина во насока на имплементација на процесите кои произлегуваат од Шесте водечки иницијативи на Стратегијата 20-25 на Комисијата, како и од сугестиите, коментарите и забелешките што се очекуваат во денешниот Извештај на Европската Комисија.
Планот 3-6-9 беше усвоен во јули минатата година, по изгласувањето на новата Влада за да се одмрзне реформскиот процес и државата да се врати на евроатланскиот пат. Планот беше поделен на три делови, според рочноста во која се имплементираа реформите. Првиот дел беше финализиран со одржувањето на фер, слободни и кредибилни избори во ноември минатата година, а вториот дел со излегувањето на Стратегијата на Европската Комисија за проширување со земјите од Западниот Балкан 2025.
Ново на Сител
-

ИЈЗ објави препораки за заштита од топлото време поради најавата за високи температури од утре до 7 август
-

Најтопло попладнево во Велес, Виница, Кавадарци и Демир Капија
-

Европејците ќе работат подолго: Возраста за пензионирање се зголемува во две третини од членките на ЕУ
-

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра, пазарот на недвижности во вториот квартал со вредност од 351,7 милиони евра
-

Првичните резултати за пената во Вардар, доставени до МЖСПП од Град Скопје, се во границите на дозволеното, конечните анализи се очекуваат на 4 август
-

Вандализам во Струшко: Искршени гробници и осквернавени вечните почивалишта на Македонци | ВИДЕО
-

Полициски службеници од Струга со раце и нозе тепале уапсено лице, иако било врзано со лисици
-

Во текот на јули во просек дневно регистрирани по околу 15 пожари на отворен простор, Ангелов со апел да не се палат огнови и скари во шуми
