Семејството Саздови донираше питос во Музејот „Теракота“ во Виница

По повод одбележување на Светскиот ден на археологијата, Музејот „Теракота“ од Виница денеска на подарок доби археолошки примерок – питос кој датира од железно време пред нашата ера.
Археолошкиот примерок е подарок од Цвета Саздова и нејзиниот сопруг Ѓорѓи Саздов од Виница. Питосот бил купен од страна на Ѓорѓи во почетокот на 80-тите години на 20 век од непознати лица. Примерокот на овој археолошки предмет бил пронајден при ископ за изградба на пат на локација позната како „Бановски ниви“.
- Денес оваа локација се наоѓа до дворот на Основното училиште „Славчо Стојменски“ во Виница. Во дворот на училиштето познато како локалитет „Ила“ во 70-тите години на 20 век била откопана и бронзена фибула од типот на еднојазолни лачни фибули со плочеста нога, изјави Јулијана Иванова, директор на Музејот „Теракота“ од Виница.
Подоцна во 80-тите години на минатиот век, како што истакна Иванова, на овој археолошки локалитет се истражени неколку гробови-цисти од 6 век пред нашата ера.
Музејот на Виница му се заблагодарува на семејството Саздови од Виница истакнувајки дека ваквиот позитивен пример треба да го следат и другите граѓани бидејќи археолошките наоди своето најголемо значење за пренесување на податоци за нашето минато го имаат само кога се на соодветен начин заштитени, научно обработени и презентирани од соодветни стручни лица и институција.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-

Сиљановска Давкова и Муцунски на дигитален форум во Анталија
-

За Стафа 15 месеци затвор - за Ристов обвинение
-

Судење за оддавање службени тајни, објавена комуникација меѓу обвинетите
-

Обвинетиот Јовановски физички ја нападнал сопругата пред таа да се самоубие, тврди дека бил испровоциран
-

Филипче со писмо до Брисел против Мицкоски
-

Владата ги следи цените: Засега нема вештачки поскапувања
-

Сопственикот на Алта банка го шири бизнисот – купува 5 фирми во Србија
