-->
-->
Семакедонска илинденска средба - Трново 2015
-->

Семакедонска илинденска средба - Трново 2015 ќе се одржи денеска во дворот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во битолското село Трново.
Организатори на средбата во која се обединети 44. Светска македонска иселеничка средба и 35. Погранична средба на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, се Матицата на иселениците од Македонија, Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија - Битола, Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес.
Семакедонската средба ќе почне со света архиерејска литургија што ќе ја отслужи митрополитот Европски Пимен. Најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и на претставници на организаторите во чие име претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров ќе прочита Семакедонска илинденска декларација за Македонија.
Најавена е богата културно-уметничката програма со настапи на повеќе културно уметнички друштва.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мнозинството не ги прифати пакет законите на СДСМ за заштита на животниот стандард на граѓаните
-

Преглед на вестите од светот
-

Заврши втората сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Конфликтите го менуваат туризмот
-

Главна дестинација за прилепчани за Велигден и понатаму е дома, но се зголемува бројот и на оние кои патуваат во странство
-

Штипска модуларна повторно во функција, но со друга намена
-

Штетите од војната на Блискиот Исток ќе се чувствуваат со години
-

Стратешки дијалог со САД
