-->
-->
Селекцијата во самбо подготвена за СП во Бугарија
-->

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ги прими самбо репрезентативците на Македонија кои ќе настапат на Светското првенство за сениори од 10 до 14 ноември во Софија, Бугарија. Ристо Димитров, Александар Петковски и Амра Фејзула се нашите претставници кои ќе настапат во различни категории. Димитров (-68 кг) и Петковски (100 кг) ќе настапат во комбат самбо, а Фејзула (-60 кг) во спорт самбо. Репрезентацијата ја предводи претседателот на Македонската самбо федерација, Ердал Факиќ, кој ќе учествува на Конгресот на Свестката самбо федерацаја –ФИАС, како и тренерот Џемаил Идризи. На Конгресот ќе се направи напор Македонија да биде организатор на Европското првенство за сениори во 2018 година. Инаку, ова е трето учество на светските првенства по настапите во Јапонија и Мароко, каде нашиот репрезентативец Славчо Тодоров (-90 кг) се пласира на седмото место што е најдобар пласаман нa светските првенства во самбо на еден наш натпреварувач. Натпреварувачите се добро подготвени, и очекуваат добар пласман. Според најавите на организаторот, на СП треба да присуствува и претседателот на Руската Федерација, Владмир Путин.
Спасески им посака многу успех на претстојниот светски шампионат и додаде дека Агенцијата за млади и спорт секогаш ќе застане зад успешните спортисти. Настапот на самбо репрезентативците во Софија е подпомогнат од Агенцијата со 100 000 денари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители
-

Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, затруени од вдишување лепак
-

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
-

Трамп: Приказните за американски 300 милијарди долари за Иран се лажни вести
-

„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад
-

Би-Би-Си: Унгарскиот модел за поттикнување на наталитетот не ги исполни очекувањата
-

Од 50.000 до 5,9 милиони следбеници: Голманот на Кабо Верде, Возиња, светска сензација по мечот со Шпанија
-

Загадениот возух, сушите и топлотните бранови - главна закана на децата во Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
