Сексот со роботи ќе стане секојдневие наредните триесет години

Научниците предвидуваат дека до 2050 година, сексот со роботи може да биде алтернатива, а во некои, поекстремни случаи дури и почеста појава од обичниот секс, пишува „Дејли мејл“.
- Вие ќе можете и да ги поврзете своите сексуални фантазии со другите луѓе, или да ги почувствувате нивните мечти. Или пак, да стимулирате оргазам со еден клик - тврди Ијан Пирсон, футуролог и иноватор кој направи завидна кариера преку соработката со продуценти на научнофантастични филмови, и со своите предувидувачки теории.
Се претпоставува дека тоа би ја намалила стапката на сексуалните престапи и на проституцијата.
Анкетите пак, покажуваат дека 20 отсто од испитаниците би го прифатиле тој предизвик.
Дури 72 проценти од анкетираните сметаат дека роботите „многу добро би ја извршиле таа задача“. Дваесет и осум отсто се сложуваат дека тоа би било едно интересно „ново искуство“.
- Овие роботи луѓето би ги доживувале како своите автомобили, и на нив би трошеле многу пари. Така сексот би бил полесен, побезбеден, почест и многу позабавен - предвидува Пирсон.
Сепак, тој додава дека роботите многу повеќе ќе се користат за други домашни потреби.
Ново на Сител
-

Имаат ли властите стратегија за овогодинешните пожари на депониите?
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Кризната состојба за нафтата ќе трае до 20 јули
-

Европа може да се соочи со недостиг на керозин: Колкави резерви има Македонија?
-

ММФ: Помал раст на економиите и повисока инфлација поради војната на Блискиот Исток
-

Петмина сведоци не се појавија на судењето за „Пулс“
-

Со докази продолжи судењето за Димитровска
-

СДСМ со кривична за унгарски сопственици на ТВ Алфа
