-->
-->
СЕХА лига: Вардар лигашкиот дел го заврши со победа
-->

Македонскиот ракометен првак Вардар со победа попладнево над Извиѓач на гости го заврши лигашкиот дел од СЕХА лигата. Вардар триумфираше со 33:27 (17:12). Иако некомплетни со отсуство на неколку стандардни играчи избраниците на тренерот Раул Гонзалез стигнаа до победата вкупно 15.та сезонава. Вардар како првопласиран ќе настапи на завршниот турнир од СЕХА лигата што ќе се игра од 7 до 9.април.
Најефикасни кај Вардар беа Игор Карачиќ со 8 голови и Жоан Кањелас со 6, додека голманот Страхиња Милиќ имаше 12 одбрани. Анте Грбавац кај Извиѓач беше стрелец на 8 голови.
Покрај овој дуел денеска играат Татран Прешов - Загреб, додека последниот дуел кој решава за четврото место на табелата меѓу Загреб и Мешков Брест се игра во четврток.
Табела: Вардар 47 бодови, Извиѓач 44, Загреб 34, Цеље 33, Мешков Брест 32, Горење 18, Нексе 18, Металург 17, Татран Прешов 10, Извиѓач 4.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДЗС: Артилериска граната тешка 13,6 кг отстранета од плажа на Дојранското Езеро | ФОТО
-

Почина американскиот сенатор Линдзи Греам
-

Во координирана акција на ЦУК и МВР, кај Матка успешно пронајден изгубен романски државјанин
-

Успешна акција за извлекување на тројца планинари од планината Бистрица
-

Деветнаесетти Петровденски планинарски марш
-

Британската полиција приведе маж осомничен за убиството на Видикомб
-

Повторно се разгорува конфликтот на Блиски Исток
-

СП 2026: Норвешка поведе, Белингам донесе победа за Англија
