Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност.
На седницата на Комисијата за финансирање и буџет се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање, и на Законот за регистрирање на готовински плаќања, во второ читање, поднесени од пратениците од опозицијата.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и Предлог-законот за пробација, двата во второ читање, се на агендата на седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.
Членовите на Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ќе дискутираат по Предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
