Македонија
16. December 2015 - 8:42

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за финансирање и буџет, за политички систем и односи меѓу заедниците и за одбрана и безбедност. 

На седницата на Комисијата за финансирање и буџет се предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, во прво читање, и  на Законот за регистрирање на готовински плаќања, во второ читање, поднесени од пратениците од опозицијата.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик и  Предлог-законот за пробација, двата во второ читање, се на агендата на седницата на Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

Членовите на Комисија за одбрана и безбедност на денешната седница ќе дискутираат по Предлог-законот за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, во второ читање.