Седници на шест собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за одбрана и безбедност, за надворешна политика, за локална самоуправа, за транспорт врски и екологија, за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија.
На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност, межу другото, ќе се расправа за Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за следење на комуникациите, Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за прометот на експлозивни материи, Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, како и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, сите во прво читање.
Пред членовите на Комисијата за надворешна политика латформата за дипломатските активности ќе ја претстави вонредниот и ополномоштениот амбасадор на Република Македонија во Република Хрватска, со седиште во Загреб, Милаим Фетаи. Комисијата ќе ги разгледа и Предлог на закон за ратификација на Технички аранжман меѓу Министерството за одбрана на Република Македонија и Министерството за национална одбрана на Грција за заштита на воздушниот простор FIR SKOPJE (LWSS), како и Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за измена на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за реципрочно признавање на возачки дозволи.
Седница ќе одржи и Комисијата за локална самоуправа, а на дневен ред е Предлог на стратегија за регионален развој на Република Македонија 2020 – 2030.
Членовите на Комисијата за транспорт врски и екологија, пак, ќе во прво читање ќе го разгледаат Предлог – законот за изменување на Законот за поштенските услуги.
Во Собранието денеска ќе има седница и на Комисијата за финансирање и Буџет, на која ќе се расправа по Предлог- законот за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и Предлог – законот за изменување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, сите во прво читање. На разгледување во второ читање на седницата на оваа комисија се и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Македонската банка за поддршка на развојот, по скратена постапка, Предлогот на закон за дополнување на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, по скратена постапка
Ново на Сител
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
