Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.
Националниот совет за евроинтеграции ќе одржи јавна расправа на тема „Република Македонија во Европската енергетска рамка“
На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка и Предлог – законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.
Комисијата за надворешна политика ќе расправа по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
