Македонија
22. December 2015 - 8:54

Седници на четири собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за надворешна политика и Законодавно-правната комисија.

Националниот совет за евроинтеграции ќе одржи јавна расправа на тема „Република Македонија во Европската енергетска рамка“

На дневен ред на Комисијата за финансирање и буџет е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, по скратена постапка и  Предлог – законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка.

Комисијата за надворешна политика ќе расправа по Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи, по скратена постапка.