Македонија
29. April 2026 - 21:17

Се укинува Пржинската влада

Се укинува пржинската влада, без поддршка на опозициските партии. Со 70 гласа за, 11 против и нула воздржани, се донесоа измените на законот на предлог на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Ова значи дека 100 дена пред одржување на избори нема да има формирање на привремена влада. Измените нема да важат за следните избори, туку за вторите по ред парламентарни. 

Падна последната брана на демократијата, реагираат вечерва од СДСМ.  

Со овој потег, Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја отстранија и последната брана која спречуваше целосна контрола врз изборниот процес. Македонија капитулира пред криминалот и корупцијата. Падна последната можност за одбрана на демократските стандарди и барем минимално фер условина изборите, стои во реакцијата на СДСМ. 

На одлуката и претходеше жестока расправа во Законодавниот дом. Спасовски кажа дека пржинската влада била создадена со согласност на сите политички партии и дека на ист начин треба и да се укине..Министерот Минчев му возврати дека немал аргументи. 

За ДУИ укинувањето на пржинската влада е допирање во меѓуетничките односи. Од Вреди со став дека нема криза и затоа е неопходно нејзино укинување.

Техничката влада по одржување на следните избори заминува во историјата. Таа беше решение од Договорот од Пржино од 2015 година, за излез од тогашната политичка криза во земјата.