Македонија
7. April 2022 - 16:56

Се судриле товарно возило и автомобил на патот Кичево-Гостивар, повредени тројца

На 06.04.2022 во 14.50 часот, на магистралниот пат Кичево-Гостивар кај с.Колари, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат дукато“, управувано од З.А.(62) од тетовското село Камењане и патничко возило „фолксваген тигуан“, управуван од М.Г.(55) од тетовското село Селце, двете со тетовски регистарски ознаки, информираа од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на „фиат“ З.А. и И.Г.(45) од с.Стрелци, сопатник во возилото „фолксваген“, а возачот М.Г. се здобил со телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кичево.

Увид на местото извршија Јавен обвинител и полициски екипи.