Се огласи Тајзи: Ќе го исфрлам Дарко од бендот, девојките повеќе...

Откако заврши реалното шоу „Големиот брат“, а кумановецот и колега на Тајзи, Дарко Спејко беше прогласен за победник, раперот се огласи за него.
Тајзи во интервју за дневниот весник Вечер ги отри своите тековни музички активности. Покрај новитетите поврзани со неговата кариера, Тајзи проговори и за тоа дека засега нема планови што ќе прави со својот придружен вокал Дарко, бидејќи сега ќе го бркаат многу жени.
-Искрено не сум фан на ваков тип на шоуа и без скептик пред да влезе, но бидејќи сме многу добри пријатели секогаш сме тука еден за друг без оглед за што се работи. Дарко е, пред се, едно добро и воспитано момче, добар спортист, хуманитарец и еден од оние луѓе за кои јас велам дека треба да ги има во поголем број ако сакаме подобро утре. Тој е дел и од мојот бенд , но не знам сега како ќе правиме, ќе имам проблеми со жени на настапи, затоа што го обожаваат, па можеби ќе треба да го исклучам од игра бидејќи го доживувам како конкуренција, се пошегува Тајзи во изјавата заВечер.
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
