-->
-->
Се намалува бројот на првачиња во Кичево
-->
Во изминатите две децении во Кичево се бележи континуиран пад и од година на година има сѐ помалку новозапишани првачиња во Кичевско.Во последните 15 години бројот на новозапишани првачиња континуирано е во опаѓење. Така, само во последните четири години, од 408 запишани првачиња во 2015 година, годинава во нашата општина се запишаа 340 првачиња, што значи дека за само четири години бројот на првачиња е намален за три одделенија, или номинално бележиме намалување за 68 новозапишани деца. Ако продолжи иселувањето на младите од нашата општина и во наредниот период, тогаш повеќе од сигурно за десетина години оваа бројка ќе се преполови, вели Сание Садику, раководител на секторот за образование во општината Кичево.
Тој додаде дека ако во градот намалувањето и не е толку изразено, во селските училишта бројот на првачиња бележи драстичен пад.
- Нашето село е второ по големина во општината, но засиленото иселување пред сѐ на младите, придонесе бројот на првачиња и ученици во нашето училиште да се сведе на осумдесетина, додека само пред две децении оваа бројка беше десет пати поголема или во нашето училиште настава посетуваа 800 ученици, објаснува Иса Незири, претседател на месната заедница во село Србица, кој е вработен во општината.
Тој додаде дека годинава мал раст бележи само ОУ "Милто Гурра" во село Гарани од сите девет основни училишта во општина Кичево.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба, за уште тројца други се чекаат резултати
-

АПЕЛ ЗА ПОМОШ: Теодора, мајка на 18-месечно бебе, се бори со рак – потребни се 3,4 милиони денари за лекување
-

Нетанјаху призна дека опаѓа поддршката за Израел во САД, вината ја гледа во социјалните мрежи
-

Вучиќ: Изборите ќе бидат распишани согласно Уставот и интересите на граѓаните на Србија
-

Мицкоски до Филипче: Со вас бевме на врвот по бројот на починати во корона кризата
-

ЦУК: Активни пожари во Долнени и Кичево, под контрола пожарот кај Кавадарци
-

Две нови електронски услуги на ДИЗ: сертификат за извоз на вино и сертификат за земјоделски производи, преработки и стоки
-

Гаши за Законот за правичната застапеност: Ќе го искористам правото од Деловникот да проценам кога може да го повикам пленумот на гласање по исцрпената расправа
