-->
-->
СДСМ: За укинување на техничка Влада потребен е консензус, предвремени избори нема да има
-->
Прво техничката Влада беше формирана после Пржинскиот договор за да се одржат фер и демократски избори во 2016 година и според тој договор таа техничка Влада или пржинската Влада требаше да биде активна само за изборите 2016 година. После губењето на власта ВМРО-ДПМНЕ беше против укинување на пршинската Влада и мора да констатирам дека прво добро е што ВМРО-ДПМНЕ после толкав период признава дека нашата држава има институции коишто можат да спроведат фер и демократски избори и за разлика од 2016 година кога нашата држава беше категоризирана како заробена држава денес е држава којашто може да спроведе такви избори признаени од сите, фер, демократски и слободни кредибилни избори.Во врска со тоа што го наметнува ВМРО-ДПМНЕ како прашање и како теза спориме две работи. Првата работа иако на одговор на прашање дека техничката Влада не е условена со одржување на предвремени парламентарни избори јасно е на стартот и на сите изјави дека условувањата се со предвремени парламентарни избори. Затоа сакам да спорам две работи за овој нивни предлог. Првата е начинот на којшто е доставен овој предлог а тоа значи дека и според договорот пржински значи дека измените на Законот за влада треба да биде консензус помеѓу четирите најголеми политички партии во Собранието а не на ваков начин со еднострано изразена волја на една партија.
И второ, тајмингот на поднесување на овој закон кога сите знаеме дека предвремени парламентарни избори нема да има, има редовни избори во 2024 година и фактички има време четирите најголеми политички партии да дискутираат и да имаат консензус во врска со техничката Влада. Очигледно безидејноста на ВМРО-ДПМНЕ во овој период , во овој тежок период кога државата се соочува и со енергетска криза и со кризата предизвикана од пандемијата, со борбата за зачувување на животниот стандард на граѓаните нема што друго да понуди освен да прави политички театар за јавноста.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
-

Дрвокрадството во прилепско се намалува, но Шумската има само 13 полицајци и 1 возило, а судовите изрекуваат мали казни
