СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува деструктивно во обид да го поткопува здравствениот систем
Во време кога состојбата со пандемијата со коронавирусот во европските држави, во земјите од регионот и кај нас е загрижувачка, ВМРО-ДПМНЕ тера црна кампања со која го поткопува здравството, а со дезинформации шири страв и паника кај граѓаните.
Лага е дека Владата и Министерството за здравство не работат на обезбедување на вакцини против коронавирусот, дека вакцините ќе сме ги добиеле последни.
Вистината е дека веќе е реализирана уплатата за 833.000 вакцини за популација од околу 400.000 граѓани за вакцина и ревакцинација во рамки на Ковакс механизмот.
Истовремено се водат преговори и за директна набавка од компаниите кои ги произведуваат вакцините.
Предвиден е и трет механизам преку Европската унија која е во постапка за набавка на 200 милиони вакцини за земјите членки и за уште дополнителни 100 милиони дози за земјите од Европа надвор од Унијата, каде нашата држава аплицираше за дополнителни 800.000 дози.
Од почетокот на пандемијата со коронавирусот од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не видовме ништо друго освен деструктивно однесување, барање оставки, опструкции и критики.
ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски подмолно се радуваа на бројот на починати, во очаен обид политички да профитираат врз грбот на починатите и заболените, врз грбот на нивните семејства, роднини и пријатели.
Велат се грижат за здравјето а нивен висок функционер, со изјавите дека ковид-19 е безопасен вирус и дека не треба да се носат маски, поттикнува на непочитување на мерките.
Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се грижеа за здравјето на граѓаните немаше први да ги кршат мерките и да организираат масовни собири каде не се почитуваа протоколите за заштита од коронавирусот.
Ако толку беа загрижени за здравствените работници, немаше да го кочат заемот од Светска Банка со кој ќе се опремеа 16 ковид центри низ целата државата.
Ако толку се грижеа за јавното здравје, немаше заболените и починати од коронавирусот да ги сведуваат на бројка и статистика и од нив да прават настани на кои им се потсмеваат на жртвите.
Христијан Мицкоски си одеше во теретана и во кафана кога беше забрането, им лепеше партиски етикети на лекарите и ги плашеше граѓаните дека нема доволно тестови и заштитна опрема.
Мицкоски не се грижи за граѓаните, се грижи само како да си ја зачува фотелјата во белиот дворец.
Но граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ секогаш е на спротивната страна од нивните интереси и затоа уште долго ќе остане во опозиција.
Ново на Сител
-

Трамп: Ако не успее договорот, Иран повторно ќе биде бомбардиран
-

Повторно пукано врз Конзулатот на САД во Торонто
-

На ГП „Богородица“ се чека околу 15 минути
-

Денес сончево со локална облачност
-

Илон Маск: УСАИД беше политичка организација, никој не умре што ѝ ги скративме парите
-

Ги тепале сопствените мајки: 34-годишник бидејќи не му дала пари, 24-годишник ја влечел заглавена за врата од кола
-

Иран повторно ѝ се закани на Бугарија поради американските авиони
-

Фатени на камера, со натписи „УЧК“ вандализиран Српскиот културен центар во Куманово | ВИДЕО
