-->
-->
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ги потценува домашните фирми
-->

Никола Груевски безобразно продолжи да лаже за странски инвестиции и да ги потценува домашните претпријатија.
Малку е што власта на Груевски со години ги понижува домашните фирми со само 120 денари државна помош годишно!
Малку е што од штетните политики на неговата власт се затворени најмалку 10.000 домашни фирми!
Денеска Груевски им порача на домашните претпријатија дека треба да бидат среќни што зависат од странски инвеститори чиј број наводно се зголемувал?!
Се зголемува бројот на странски инвеститори, но на оние кои Груевски ги најавуваше и никогаш нема да дојдат. И на оние кои дојдоа, искористија што можеа од парите на граѓаните и си заминаа. Македонија е на дното во регионот по директни странски инвестиции со 122,92 милиони евра во 2016 година! Тоа е реалноста.
По промените во декември, домашните микро, мали и средни претпријатија ќе станат столб на економијата во Македонија. Ќе добиваат државна помош од 20 до 50 милиони евра. Ќе можат да работат стабилно, да се развиваат и да отворат нови работни места. Просечната плата на работниците да биде 30.000 денари. Странските инвеститори ќе бидат дополнување на домашните претпријатија а не нивна замена. И ќе бидат реални. Јавно ќе објавиме список за нив.
Доцна е за Груевски и неговата власт. Доаѓа одговорна влада која ќе одговори на потребите на граѓаните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Цариници запленија 500.000 евра на Табановце
-

Измамникот од Охрид осуден на 5 и пол години затвор
-

Пазарна утврди дека храната не поскапела, синдикалната кошничка пониска за 54 денари
-

Власта ќе го одблокира заемот од 260 милиони евра што го блокираше СДСМ
-

Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
