СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да престане да го кочи изборот на ДИК

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со деструктивните политики на штета на граѓаните и државата.
ВМРО-ДПМНЕ ги кочи реформите и се обидува да го кочи напредокот на Република Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ последниов период намерно блокира неколку собраниски комисии, на коишто се расправа за реформски закони.
ВМРО-ДПМНЕ ја блокира и постапката за формирање на Државна изборна комисија, со што го доведува во прашање одржувањето на референдум за иднината на државата.
За ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се важни ниту потребите на граѓаните, ниту државните интереси. За нив единствено важна е одбраната на криминалот и судбината на Никола Груевски и фамилијата.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ измислува нови барања, техничка Влада, амнестија и сл. Сака да прикаже вештачка криза, само за да ги спасат криминалците од одговорност. Тоа е единственото нешто за кое што се бори Мицковски.
Едно треба да биде јасно, амнестија за криминал нема да има. Никогаш нема да прифатиме амнестија на криминалци.
Изборниот законик и Законот за финансирање на политички партии се одамна усогласени и ние сме подготвени веднаш да ги поддржиме во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ ги прифати текстовите на законите, кои веќе се напишани.
ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да престане да ја блокира работата на Комисијата за избори и именувања. Веднаш да се избере новиот состав на ДИК, за да воопшто може да се организира референдум.
Ако тоа не го направат, значи дека ВМРО-ДПМНЕ не сакаат референдум и бегаат од избори. Очигледно е, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од волјата на граѓаните.
Македонија забрзано чекори напред и враќање назад нема. Македонија да биде заложник на криминалот на ВМРО-ДПМНЕ.
Мнозинството како и секогаш до сега ќе ја превземе одговорноста за државата, наспроти неодговорната опозиција која секојдневно сака да ни ги затвори вратите за ЕУ и НАТО.
Ново на Сител
-

Потврдено обвинението против обвинетите за трагедијата на железничката станицата во Нови Сад во 2024 година
-

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите
-

Основана Кинеско-македонска стопанска комора: Ново поглавје во пријателството и економската соработка меѓу двете земји
-

Претрес во виничко, уапсени две лица, пронајдени дрога и пушка | ФОТО
-

Европа регистрираше 10 илјади дополнителни смртни случаи за време на топлотниот бран
-

Уапсен 27-годишник од Тетово, возел 179км/ч на место каде дозволено е 80
-

Зголемен бројот на странски туристи, најмогу се од Турција, Германија, Србија и Бугарија
-

Мицкоски: Со реконструкцијата на Владата нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност
