СДСМ: Се решава проблемот со недостиг на градинки
Владата предводена од СДСМ посветено работи на остварување на заложбите за обезбедување квалитетни и достојни услови за раст и развој на децата.
Се решава проблемот со недостиг на капацитет за згрижување деца, се инвестира во изградба на нови детски градинки особено во руралните подрачја кои со години беа заборавени.
Од почетокот на мандатот па до сега, изградени се 24 детски градинки. Од нив отворени се 13, а во фаза пред отворање се 11 детски градинки.
Со тоа се зголеми опфатот на деца во јавните и приватните установи за деца за околу 2000 деца.
Со оглед на зголемената потреба од кадар за новите и веќепостоечките установи, Министерството за труд и социјална политика обезбеди финансиска согласност за вработување на над 1.000 лица од кои поголемиот дел се на неопределено време.
Освен што се зајакнува кадарот, покачени се и платите во детска заштита. Сите 4.300 вработени, со септемвриската плата добија покачување од 5 отсто, а покачувањето на платите ќе продолжи и во 2019 година.
Во периодот кој следува продолжуваат интензивните активности за натамошно проширување на мрежата на установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, пред сè преку зголемување на инвестициите наменети за реконструкција, адаптација и изградба на нови установи за деца.
За таа цел во буџетот на министерството за 2019 се планира зголемување на капиталните инвестиции на 87 милиони денари што е речиси двојно повеќе отколку во 2018 кога изнесуваа 45 милиони денари.
Обезбедувањето на квалитетни услови за раст и развој на децата, надминување на проблемот со места за згрижување и унапредување на условите за работа на негувателките и воспитувачките се врвни приоритети на Владата предводена од СДСМ која останува фокусирана на потребите на граѓаните.
Ново на Сител
-

Полицајци апселе криминалец па биле опколени од десетмина кои пробале да ги спречат, морале да пукаат во воздух
-

Две лица незаконски превезувале туристи во НП Шар Планина, кога имало обид да се спречат, пробале да ги прегазат вработените во паркот
-

Четворица тетовци дале капар од 45.900 денари за стан под кирија во Скопје, па биле измамени од газдарица
-

Пазарниот инспекторат најави засилени инспекциски контроли на пазарот на ѓубрива
-

Одложено судењето за деветмината полицајци обвинети во врска со трагедијата во дискотеката Пулс
-

Обвинителство: Извршен увид на градилиштето во Кисела Вода, ќе се врши обдукција на починатиот работник
-

Растат цените на нафтата на светските берзи
-

Се проширува акцијата за нелегален увоз на филери и ботокси, приведени повеќе лица

