СДСМ против народот и институциите

Над 6.000 луѓе се приклучија на ГРОМ во одбрана на институциите и против деструкцијата на СДСМ. Бројот на демонстранти постојано се зголемува и расте поддршката за партијата на СТевчо Јакимовски која застана во одбрана на институциите.
Со транспаренти „Држава сме, не сме протекторат“, „Рацете подалеку од судството“, „Судството на судиите“, повеќе од 6.000 граѓани вечерва се собраа пред Уставниот суд, а со намера да им изразат поддршка на уставните судии в очи утрешната одлука за измени во Законот за помилување.
На собирот се слуша македонска музика, на насобраните им се споделуваат топли пијалаци, а поставени се и шатори. Дел од присутните велат дека се подготвени и да преноќат вечерва кај Уставниот суд, а со намера да ги спречат сите обиди за отежнувањето на работата на уставните судии.

СДСМ вечерва прави контрапротест планирајќи црни сценарија
На контрапротестот кој вечерва го организира СДСМ, забележани се околу 200 луѓе членови на СДСМ со црни маски на лицето- фантомки, спремни за правење на инциденти и спроведување на деструкцијата.
Од друга страна, забележително е присуството на автобуси кои имаат задача под присила и закана да ја спроведат администрацијата и вработените од општините раководени од СДСМ, Струмица и Куманово.
Исто така, притисоци биле присутни и врз вработените во општината Центар, како и министерството за труд и социјална работа раководено од Фросина Ременски. Меѓу протестантите на СДСМ се забележуваат и списоци и редари кои ги евидентираат присутните. Според информациите, на протестот на СДСМ исто така има присутни и криминалци со дебели досиеа познати во градот Скопје.
Ваквото сценарио преставува продолжување на црното сценарио од 5 –ти мај и насилните протести пред Владата. Од една страна СДСМ и нивните поддржуваци кои тргнаа против народот, државата и институциите на спротивната страна.
Евидентна е и нервозата во СДСМ и спроведување на деструктивното сценарио. Исто така, се поставува и прашањето дали ова преставува остварување на насилното сценарио на новиот советник на Оливер Спасовски во МВР, партискиот кадар Едмонд Адеми кој порача дека ќе се лее крв по улиците.

Соросовиот активист Славчо Димитриевски пред неколку дена на судиите им се закани дека ќе ги влечеле за уши и на клоци ќе ги избркале од Уставниот суд.
-На крстови, на орли, на лавови и на какви се не измислици. За уво ќе ве влечеме и на клоци ќе ве истераме од оваа врата! Ова не е уставен суд, ова е у**ан суд!, изјави Димитриевски.
Ново на Сител
-

Цврсто сме определени да бидеме лидер во регионот со развојот на дата-центри, тоа е иднината на човештвото, вели Мицкоски
-

МНР: Две малолетни и едно полнолетно лице загинаа во сообраќајна несреќа во Словенија
-

MHERO официјално пристигна во Македонија: Oдржана премиерата на моќниот MHERO II 817
-

Во поплавите во Непал 475 жртви, 2.381 лице се водат како исчезнати од кои 644 се странци
-

УЕФА ќе го тужи Инфантино
-

Попладне наместа услови за нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Успение на Пресвета Богородица: Во време на премрежија ликот на Мајката Божја нѐ инспирира и храбри да истраеме на патот на доброто
-

Два светски рекорди на атлетскиот митинг во Цирих
