-->
-->
СДСМ: Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ главниот град останува без јавен превоз
-->
Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, главниот град останува без јавен организиран автобуски превоз.
Штрајк на приватните превозници, ЈСП пред колапс, намалена фреквенција на линиите, преполни постојки и автобуси, тоа е епилогот на една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.
Јавниот превоз е во колапс, а отежнато функционираат и останатите јавни претпријатија кои се под надлежност на Градот.
И наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ тера политикантство на штета на градот и граѓаните.
Со својата неспособност и неодговорност, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски предизвикува нова катастрофа во Скопје.
Центар за комуникации со јавноста
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
