СДСМ: Партизацијата беше заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ во писмената реакција на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ која обвини за партизација во Министерството за внатрешни работи посочува дека партизацијата на државните институции била заштитен знак за 11-годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ.
- Еден од најочигледните примери за масовна партизација беше Министерството за внатрешни работи кое според признанието на тогашната министерка Гордана Јанкуловска, ВМРО-ДПМНЕ го претвори во МВРО-ВМРО, се вели во реакцијата.
СДСМ наведува дека новата Влада започнува процес на ослободување на, како што се вели, заробените институции и оти во рамки на владиниот план 3-6–9 се планираат сериозни реформи во судството, медиумите, безбедносните служби, борбата против корупцијата, јавната администрација и изборното законодавство.
- Ќе има целосна професионализација на државните институции кои ќе работат единствено во интерес на граѓаните и никогаш повеќе ниту едно министерство, ниту една институција нема да функционира како нечиј партиски штаб како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, стои во реакцијата.
Ново на Сител
-

СДСМ избра ново раководство - голем дел од членовите остануваат на истите позиции
-

30 уреди за мерење на бучава ќе ловат кои угостителски објекти пуштаат гласна музика и ги вознемируваат граѓаните
-

Централниот одбор на СДСМ избира ново раководство на партијата
-

Тема на денот со Анџела Агелер, амбасадорка на САД во земјава
-

СДСМ вечерва бира ново раководство
-

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски си поднесе оставка
-

СДСМ ја напушти седницата за пратенички прашања – немало да разговараат за Резолуцијата на мнозинството
-

СДСМ со платформа МИЦКО.мк ги повика граѓаните да пријават корупција, партијата избира ново раководство
