СДСМ: Неопходни се нова влада и локални избори

Од СДСМ сметаат дека претседателот Ѓорге Иванов треба веднаш да го даде мандатот и со тоа да овозможи претседателот на партијата Зоран Заев брзо да ја формира новата Влада и потоа законски да се утврди датумот за локалните избори.
- Блокадата на демократските процеси кулминира со штети врз граѓаните со утрешниот престанок на мандатот на градоначалниците и советите. Иванов нема право да ја загрозува егзистенцијата на луѓето во општините кои нема да можат да земаат плати и да ги блокира граѓаните да си ги добијат потребните општинските услуги, само затоа што на Никола Груевски и неговите соработници кои сакаат да бегаат од правдата, им одговара дестабилизација на државата, се вели во денешното соопштение од СДСМ.
Од партијата сметаат дека, како што велат, „лицитирањето со датуми за локалните избори како на лото емисија е крајно несериозно и никаде не води“ и оти во ВМРО-ДПМНЕ мора да преовладее разумот, партијата да постапи конструктивно и да овозможи Македонија да оди напред.
- Општините мора да продолжат да функционираат. На граѓаните им се потребни функционали независни институции што ќе им ги овозможи новата реформска Влада, се вели во соопштението од СДСМ.
Секој нов ден блокада на демократските процеси, се додава во него, е нова штета врз граѓанските и државните интереси.
Ново на Сител
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
