СДСМ: Мицкоски никако да каже што одлучи, дали е за ЕУ или за Левица?
Мицкоски никако да каже што одлучи: дали е за ЕУ или ќе продолжи во антиевропскиот блок заедно со проруската Левица?
Ова е момент на вистината за Мицкоски кој со недели бега од одговор на ова прашање и како и многу пати претходно кога се решавале важни прашања покажува несериозност, неодговорност и често менување на ставовите.
Овој клучен период, кога пред нашата држава е отворена историска шанса за продолжување на европскиот пат, бара одговорност на сите политички субјекти е да се приклучат на тој пат.
Сега е време за сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над политички и идеолошки разлики во име на поквалитетен живот и посигурна иднина за сегашните и за идните генерации.
Потребно е да се искористи моментот и поддршката од САД за да се реализира уште една стратешка цел – полноправно членство во ЕУ.
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка
