СДСМ: Економските политики на Владата даваат резултат
Владата предводена од СДСМ постојано презема ефикасни политики кои обезбедуваат македонската економија да биде стабилна, развојна и динамична, да креира услови за економски раст и унапредување на животниот стандард на граѓаните.
Во целост е исплатена еврообврзницата од 2014 година, за која државата досега на годишно ниво плаќаше 20 милиони евра само за камата.
Република Македонија се раздолжи за 500 милиони евра за еврообврзницата, со што државниот и јавниот долг се намали за 4,358 процентни поени.
Буџетот е ликвиден, приходите од почетокот на годината бележат раст од 15,6 отсто во однос на истиот период лани, а расходите се реализираат редовно и навремено.
Официјалните податоци говорат дека економските мерки и политики на Владата предводена од СДСМ ги даваат очекуваните резултати.
Просечната плата за месец мај годинава изнесува 28.721 денари. Таа во споредба со просечната плата од јуни 2017 година, која била 22.808 денари е зголемена за 5.913 денари, односно за 25,93 отсто.
Паралелно бележиме и раст на извозот, рекордна економска активност и во Индустриските зони и историски пад на нивото на невработеноста.
Како одговорна, социјалдемократска партија продолжуваме со мерки и политики кои градат силна и развојна економија која носи шанса за сите.
Ново на Сител
-

Еден загинат, 16 повредени во инцидент на Парадата на гордоста во Берлин
-

Премиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежните активности на клучката „Момин Поток“
-

Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес
-

Сончево и ветровито
-

Николоски: Градски воз ќе има, ветивме од 1 септември и од 1 септември ќе оперира
-

ЦУК: Три активни пожари на отворено, еден под контрола и осум изгаснати
-

Норис ја освои пол-позицијата на унгарското Гран при
-

Кражба од големи размери во електровлечната подстаница Драчево
