Самоопределување со барања до премиерот Мустафа за демаркацијата со Црна Гора

Лидерот на косовското движење Самоопределување Висар Имери побара од премиерот Иса Мустафа уште еднаш да го разгледа договорот за демаркацијата на границата со Црна Гора.
На попладневната средба со новинарите Имери, изјави дека начинот на кој е определена границата со Црна Гора е грешка.
- На Комисијата за обележуање на границата мандатот и е поминат. Оваа комисија направи многу грешки Оваа нова линија е закана за интегритетот на земјата. Методата, која е применета за обележување на границата не е вистинската. Договорот е неприфатлив. Косово треба да има обележена граница, но тоа треба да биде на точен и праведен начин, истакна Имери, додавајќи дека неговата партија има неколку барања во врска со демаркацијата со Црна Гора.
Според него чекорите кои треба да се направат се: Парламентот да формира сепартиска и независна комисија, како и комисија која ќе спроведе истрага за договорот; Премиерот треба да побара од Црна Гора уште еднаш да го разгледа договорот и трето, премиерот преку официлно барање да побара повеќе подробности овој процес да не биде проблем за визната либерализација.
Имери смета дека е потребно да се организира научна конференција.
Инаку, против договорот, потпишан пред една година, освен Самоопределување, против се и Алијасата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај и иницијативата за Косово на Фатмир Лимај.
Ново на Сител
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
-

ДПТ стана дел од владејачката коалиција
-

ВРЕДИ гледа вмешаност на ДУИ во скандалот на „Ќафасан“
-

Построги правила за студентите во домовите со новиот Закон за студентски стандард
-

Разоткриена ИПАРД шемата: Поткуп од 50 илјади евра за проект од половина милион
-

Летниот одмор годинава поскап за 15% од ланскиот
-

Следната недела ќе се знае дали Охрид ќе го задржи статусот на светско наследство
-

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме да ги прифатиме барањата на опозицијата
