ОН сака да прераспредели над 450.000 сириски бегалци

ОН денеска соопштија дека до крајот на 2018 година планираст да прераспределат над 450.000 сириски бегалци, што е околу една десетина од оние, кои моментно се наоѓаат во соседните земји на Сирија, но призна дека треба да се бори против масовниот страв и политизирање на проблемот.
Во Женева утре започнува министерска конференција со учество на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун и високиот комесар на ОН за бегалци, Фелипо Гранди.
Според портпаролот на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Едријан Едвардс, на средбата се очекува земјите да преземат дополнителни ангажмани за сместување на најзагрозените бегалци. На конференцијата ќе присуствуваат претставници на 92 земји, шест меѓународни организации, 14 агенции на ОН и 24 невладини организации.
- Меѓународната ситуација, со која се справуваме, е многу сложена и го зголемува стравот во многу земји, како и политизирањето на проблемите за бегалците и нивното сместување, нагласи Едвардс.
Ново на Сител
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
-

ЦУК: Досега нема пријава за пожар на Водно, чадот над Скопје е од пожарот на Китка
-

Вонредна дератизација на критични локации во Центар
-

Пожарникарите спасија мало теле на Китка
-

Горивата поскапуваат од 1,5 до 3,5 денари за литар
-

Во октомври се очекува да биде ставен во функција патот од Извор до Врбјани
