Сајнц победи на трката за ГН на Мексико

Возачот на Ферари, Карлос Сајнц победи на трката од Формула 1 шампионатот возена синоќа за Големата награда на Мексико.
Шпанецот, кој стартуваше од пол-позицијата, победи на втора трка во сезоната 2024 година. Второто место му припадна на Ландо Норис од Мекларен, трет заврши тимскиот колега на Сајнц, Шарл Леклер.
Актуелниот шампион Макс Верстапен заврши шести. Во 10. круг, Холанѓанецот го престигна Норис за второто место откако трката повторно започна и безбедносното возило ја напушти патеката. Стјуардите ги сметаа постапките на Верстапен за опасни и му доделија две казни од по 10 секунди.
Верстапен продолжува да води во поредокот на Формула 1 возачи со 362 бода. Ландо Норис, кој е втор, ја намали разликата од Холанѓанецот на 47 поени. На третото место е Шарл Леклер со 71 поен зад Верстапен.
Лидер во шампионатот за конструктори е Мекларен – тимот има 566 бодови. Ферари се искачи на второто место со 537 бодови, Ред Бул падна на третото место со 512 бодови.
Остануваат уште четири трки до крајот на сезоната 2024 година. Следната етапа е во Бразил од 1 до 3 ноември.
Ново на Сител
-

Зеленски се закани дека ќе ја нападне Русија со 1.000 дронови дневно
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

На Исланд референдум за продолжување на преговорите со ЕУ
-

Денес се празнува Преподобен Јоаким Осоговски
-

Трамп: Со Венецуела е постигнат „најголем договор за нафта во историјата на светот“
-

Зеленски: САД го информираа Киев за состаноците во Москва
-

Нема подолги задржувања на граничните премини
-

Сончево и топло, наместа пороен дожд, грмежи и засилен ветер
