САД запленија лажна луксузна стока во Њујорк во вредност од над милијарда долари
Две лица се уапсени во Њујорк откако поицијата заплени фалсификувани стоки вредни над милијарда долари, јавија американските медиуми
Обвинителите ја објавија „најголемата досега заплена на фалсификувана стока во историјата на САД“ - околу 219.000 лажни чанти, чевли, облека и други предмети.
„Запленетите стоки се со проценета малопродажна вредност над милијарда долари, најголемата досега заплена на фалсификувана стока во историјата на САД“, рече федералниот обвинител Демијан Вилијамс.
Фотографиите објавени од Канцеларијата на американското правобранителство за јужниот округ на Њујорк покажаа магацински простории со лажни дизајнерски чанти,чевли и облека.
Од јануари до крајот на октомври, двајцата приведени, Адама Соу (38) и Абдулаи Јалох (48), воделе голем бизнис со фалсификувани стоки на Менхетен, соопштија властите.
„Трговијата со фалсификувани стоки е криминал без жртви бидејќи им штети на легитимните бизниси, владите и потрошувачите“, рече комесарот на њујоршката полиција Едвард Кабан.
Ново на Сител
-

Папата Лав ги повика САД и Иран да се вратат на преговарачка маса
-

Без струја делови од четири скопски општини
-

Норвешката влада планира забрана на социјалните мрежи за деца под 16 години
-

Загинат и петмина ранети во оружена престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана
-

Силен земјотрес јужно од грчкиот остров Крит
-

Сончево и потопло време, температури до 23 степени
-

Разузнавачки агенции: Кина гради мрежи од компромитирани уреди за кибер-активности
-

Мицкоски: Ќе има дополнителни мерки за нафтената криза, се бориме напорно и во исто време се бориме со хаосот кој го наследивме
