САД: Сенатот го укинува „Обамакер“
Сенатот го презеде првиот конкретен чекор кон укинувањето на „Обамакер“ со изгласување на резолуција со која ресорните парламентарни одбори ги упатува на изработка на законски рамки за поништување на клучните здравствена реформи на се уште актуелниот претседател Барак Обама.

Сенатот ја изгласа одлуката со 51 глас „за“ и 48 „против“. Се очекува во текот на оваа недела истата одлука да ја донесе и Претставничкиот дом, јави Си-Ен-Ен.
Укинувањето на „Обамакер“ е приоритет на републиканското мнозинство во двата дома на Конгресот и новоизбраниот претседател Доналд Трамп.
Републиканците досега неколку пати покренаа правни и законодавни иницијативи со цел да се укине тој закон, но сега првпат се во ситуација истовремено да имаат мнозинство во двата дома на Конгресот и нивен претседател во Белата куќа.
Во Републиканската партија, меѓутоа, „се слушаат загрижени гласови“ дека не е паметно да се оди на укинување на законите на Обама без подготвена алтернатива.
- Сакаат да го укинат „Обамакер“, а истовремено немаат поим каква алтернатива да понудат, истакна демократскиот сенатор Берни Сандерс.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче оди по бугарскиот пат, Филипче: Ние преговараме со Европа, не со Радев
-

ДУИ: Обединувањето на ВРЕДИ е очаен крик за политички спас
-

Подигнување на свеста за децата со атипичен развој
-

Недела на сестринството - Македонија се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри
-

БРАКО и Грин Машинс на светскиот саем ИФАТ во Минхен
-

Вандализмот во Штип го „вклучи алармот“ во општината
-

Неопходна е регулаторна рамка за планинарската служба
-

30% од вкупниот отпад во Македонија завршува на диви депонии
